исцелива | св.

Целива некого, нешто повеќепати, целива повеќе нешта, повеќемина.

исцелител | м.

Тој што има моќ да исцелува, да лекува со методи различни од методите на медицината.

исцело | прил.

исцелувачки | прид.

Што има моќ да исцелува. Исцелувачки допир.

исцепи | св.

Заврши со цепење (дрва). Ги исцепи дрвата.

исцери се | св.

Се насмее наместено и нападно. Грдо и пакосно се исцери и продолжи како ништо да не се случило.

исцибри се | св.

Побледи, пребледи. Игуменијата се исцибрила од сеќавања.

исцивка | св.

Испушти звук на цивкање.