исцимоли | св.

Заврши со цимолење. Тој исцимоли како дете.

исцица | св.

Ишмука, извлече течност со цицање; цица.

исцрви | св.

Покрие, намачка нешто со црвена боја.

исцрка | св.

Цркне, умре. Исцркавме од жештина.

исцрни | св.

Извалка, измачка со нешто црно, покрие површина со црна боја. Си ги исцрни рацете поправајќи го автомобилот.

исцрпен | прид.

Што е детален, сестран, опширен. Исцрпна анализа.

исцрпен | прид.

Што е изморен, истрошен, без енергија. Беше толку исцрпен што заспа седејќи на столчето.

исцрпи | св.

Со црпење целосно извади, извлече нешто (течност, песок, руда и сл.) 2. (прен.) а) Потроши нешто. Ги исцрпивме резервите. б) Целосно расправи некоја тема. Набрзо ги исцрпија темите на коишто можеа да разговараат.

исцрплив | прид.

Што може да се исцрпи, што е ограничен. Исцрпливи резерви.

исцрпувачки | прид.

Што исцрпува; Исцрпувачки состанок.