исцрта | св.
а) Пополни со црти, испише црти. Ги исцрта контурите на објектот. б) Изработи цртеж.
исцути | св.
исцуцули | св.
Направи врв на нешто, стави нешто премногу високо.
исчади | св.
Изложи на чад. Вртејќи се околу огнот ја исчади облеката.
исчанчи | св.
За зглоб ‒ излезе од лежиштето, се измести. Го исчанчи глуждот.
исчатали се | св.
Добие форма на чатал. Буката ги исчаталила гранките како рачишта од чудовиште.
исчати | св.
Заврши со чатење. Попот го исчати своето.
исчаши | св.
исчезне | св.
Се загуби без трага, го снема. Сјајот од нејзините очи одамна исчезна. Исчезнале некои важни документи. Таа замина и засекогаш исчезна од неговиот живот.
исчека | св.
Дочека до крај нешто да заврши. Не можеше да исчека да не му каже прва. Одвај исчека сите да поминат.