исчекор | м.
Постапка што претставува придвижување на напред, чекор пред другите. Направивме исчекор во економијата.
исчекори | св.
Направи чекор напред. Тие исчекорија пред сите.
исчекува | несв.
Е во неизвесност, очекува нешто да се случи. Секојдневно исчекуваше писмо или каква било порака.
исчеличи се | св.
Стане како челик, зајакне, се зацврсти. Се исчеличивме и коските си ги испековме во туларницата.
исчемрее | св.
Сосема пропадне, се истроши од тага; Тој се плашеше дека таа ќе исчемрее чекајќи.
исчепати | св.
За уста ‒ непристојно рашири, отвори. Ја исчепати устата како невоспитано дете.
исчепи | св.
Откине, оддели нешто од нешто. Ја исчепи гранката на која се бесеше.
исчепка | св.
Распрета, извади нешто со чепкање. Исчепка компири од бавчата. Песот исчепка една коска од земјата.
исчеречи | св.
Ја исчеречија уловената дива свиња и си ја поделија.
исчести | св.
Почести некого богато, многу или почести повеќемина, сите. Ги исчести сите што ги сретна тој ден.