исчепи | св.
Откине, оддели нешто од нешто. Ја исчепи гранката на која се бесеше.
исчепка | св.
Распрета, извади нешто со чепкање. Исчепка компири од бавчата. Песот исчепка една коска од земјата.
исчеречи | св.
Ја исчеречија уловената дива свиња и си ја поделија.
исчести | св.
Почести некого богато, многу или почести повеќемина, сите. Ги исчести сите што ги сретна тој ден.
исчетка | св.
Исчисти, уреди, дотера нешто со четка. Го исчетка капутот. Ги исчетка чевлите. Ја исчетка косата.
исчеша | св.
Го исчеша по грбот.
исчешла | св.
Уреди коса со чешлање. Се изми и ја исчешла косата.
исчипчи се | св.
Се извлече, се спаси, се откине од некого или од нешто. Едвај се исчипчи од сиот тој народ.
исчисти | св.
Направи нешто да биде чисто; чисти. Ја исчисти куќата. Го исчистија патот од снегот што напаѓа ноќта.
исчита | св.
Прочита до крај, сè што било за читање; прочита многу книги, текстови. Ги исчита сите книги што ги најде во куќата. Ги исчита сите весници.