ишка | несв.

Брка со викање ‒ иш!

ишмрка | св.

Шумно вовлече нешто во носот, низ носот. Беше настинат и силно ишмрка со носот.

ишмука | св.

Со шмукање излиже, изеде. Кучето ја ишмука коската. Детето го ишмука бонбончето набрзина.

ишне | св.

Избрка со извикот „иш“. Ја ишна мачката надвор и ѝ ја затвори вратата.

иштав | м.

Апетит. Има иштав.

иштипе | св.

Штипне повеќепати или повеќемина. Го иштипа детето по образите.

иштирка | св.

Натопи во вода во која има штирак; колоса. Ги иштирка креветските чаршафи.

ишука се | св.

За кожа ‒ добие лишаи од ветер или од мраз; се. Му се ишукаа рацете.