излока | св.
Со локање испие, целосно; лока. а) За животно ‒ обично: куче, мачка и сл. Кучето ја излока чорбата од чинијата. б) (прен., пејор.) За човек ‒ лакомо, дрчно, во поголемо количество испие. Тоа весело друштво од пијаници му го излока на домаќинот сето вино.
излоши се | св.
За човек (ретко за животно) ‒ стане лош. Кога остаре, татко ми многу се излоши.
излуди | св.
Направи да биде луд, да стане луд. Го излудеа човекот со своите постапки.
излупи | св.
Со лупење, симне, отстрани лушпа, кора на нешто. Бабата го излупи јаболкото. Мајмунчето со забите ја излупи бананата.
излути (се) | св.
Осети лут вкус. Пиперките го излутија. Се излутивме сите од една пиперка.
измава | св.
Истепа, претепа некого. Селаните го измаваа крадецот што го фатија.
измавне | св.
Измавна со раката да го удри, ама не го удри.
измажи | св.
Ги омажи сите што биле за мажење. Тој ги измажи ќерките.
измазни | св.
Направи да стане мазно. Таа ги измазни чаршафите со рака. Девојката си го измазни фустанот и седна. Старецот си ги измазни мустаќите и брадата пред да прозбори.
измака | св.
Изеде со макање до крај, целосно; Девојчето лакомо ги измака остатоците од храна од тавата. Стариот го измака чинивчето со пинџур и стана.