изнаболедува се | св.

Се наболедува многу.

изнабоцка се | св.

Набоцка повеќепати, на повеќе места. Се изнабоцка берејќи капини.

изнабрка | св.

Избрка, набрка сите до еден. Ги изнабрка сите деца од дворот.

изнаброи се | св.

Изброи многу, во голем број.

изнабута | св.

Напика, набута во нешто. Ги изнабута книгите во ранецот. Затворениците ги изнабутаа во сточни вагони.

изнавади 1 | св.

Извади многу, во голема количина. Изнавадивме моркови за цела недела.

изнавади 2 | св.

Полее доволно или сè со ред; Добро ја изнавади бавчата.

изнавари | св.

Навари многу, во голема количина. Изнавари ракија и за себе и за на пазар. Изнаварија манџи за свадбарите.

изнавезе | св.

Навезе многу, во доволна количина. Изнавезе чаршафи и пернички за ќерките за чеиз.

изнавика | св.

Викне, покани во голем број; Изнавика гости за свадбата на синот.