изроден | прид.

Што се изродил, што станал изрод.

изроди | св.

Роди, народи деца во голем број. Таа изроди едно чудо деца. Во бракот со него, тие изродија неколку деца, но сите им умреа.

изрои (се) | св.

За пчели ‒ заврши со роење. Пчелата се изрои.

изрони | св.

Одрони, поткопа земја, камења и сл. Водата ја изрони браздата. Играјќи си, децата ги изрониле камењата од потпорниот ѕид.

изрти | св.

Се појави од земјата, никне, 'рти сè што било за 'ртење. Семето изртило.

изруча | св.

Изеде ручек, јадење до крај; Слатко го изручавме зелникот.

изудави | св.

Удави во голем број, сите до еден. Ги изудави сите мачиња во реката.

изулави | св.

Направи некој да биде улав. Го изулави детето со многу ќотек.

изум | м.

Тоа што е измислено како резултат на умствена работа; пронајдок. Комбајните се релативно нов изум и постојано технички се усовршуваат.

изуми | св.

Заборави, исчезне од помнењето. Таа изуми дека е недела и дека дуќаните се затворени.