изриба | св.
Заврши со рибање, чистење на некоја површина. Жената ги изриба скалите.
изрива | несв.
изрига | св.
Исфрли силно со ригање, блуе. Вулканот изрига лава во огромни количества. Оџакот изрига црн чад.
изригне | св.
изрие | св.
Со риење ископа земја. Топовите ја изрија целата нива. Свињите ја изриле тукушто изникната пченка.
изрине | св.
Со ринење отстрани нешто, целосно, до крај. Секој пред својот дуќан го изрина снегот. Тој го изрина гнојот од шталата.
изрипа | св.
Со рипање скокне на нозе, наеднаш, неочекувано. Коњот изрипа за да не му го стават оглавот. Жабите изрипаа во плитката вода. Од грмушките изрипаа војници.
изрка | св.
Гласно прочисти грло (од слуз, крв и сл.) и плукне. Болниот изрка засирена крв.
изркне | св.
изрод | м.
Тој што се изродил, што е полош, физички и морално од своите предци, од одредена заедница, колектив, дегенерик; Таков изрод досега мајка не родила._2 Расипана, лоша единка во својот род.