изјари | св.

За петел ‒ оплоди кокошка. Петелот ги изјари кокошките.

изјари се | св.

За кози ‒ заврши со јарење. Козите рано се изјарија.

изјарми | св.

Извади од јарем. Ги изјарми воловите и ги однесе на поило.

изјасни се | св.

За небо, време ‒ стане јасен, чист. Небото се изјасни.

изџвака | св.

Со џвакање доволно издроби и размекне (храна). Едвај го изџвака сувото лепче.

ика | несв.

Отсечно и не сакајќи, поради контракции на дијафрагмата, испушта карактеристичен звук.

икавица | ж.

Појава, состојба на икање. Никако не можеше да ја запре икавицата.

икебана | ж.

Традиционална јапонска вештина за аранжирање цвеќиња и гранчиња во согласност со определени правила.

икиндија | ж.

(арх.) Трета дневна молитва кај муслиманите (во попладневните часови, пред зајдисонце).