иловица | ж.

Вид смолеста глина. Обичната црница не е мрсна и непропустлива како иловицата.

илузионизам | м.

Филозофско сфаќање според кое светот е само илузија, а вистината, убавината и моралот се лажни.

илузионист | м.

Приврзаник на илузионизмот.

илузионистички | прид.

Што се однесува на илузионизам и на илузионист.

илузија | ж.

Нереално восприемање на нештата, при што тие изгледаат поинаку во споредба со стварноста.

илузорен | прид.

Што постои само во фантазијата, нереален; осуден на неуспех, неостварлив. Се надеваме на средба, иако е тоа сосем илузорна надеж.

илуминати | и.

Просветлени, тајно друштво од ерата на просветлувањето.

илуминатор | м.

Лице што украсува ракописи со разни орнаменти и минијатури.

илуминација | ж.

Свечено осветлување на простории, згради, улици.