илуминира | св. и несв.
Врши, изврши специјално осветлување на згради, простории, улици; прави илуминација.
илустративен | прид.
Што служи како илустрација, што објаснува сликовито. Во овој прилог ќе неведеме неколку илустративни примери.
илустратор | м.
Лице што илустрира, сликар, цртач на илустрации. Илустраторите буквално ја илустрираат вербалната порака.
илустрација | ж.
Сликовит додаток (цртеж, слика, шема и др.) што го појаснува и го дополнува текстот во книга, весник, списание и сл.
илустрира | св. и несв.
Слика, прави илустрации за даден текст.
илјада | ж.
Број десет пати поголем од сто, а се означува со цифрата 1000. Илјада денари.
илјадагодишен | прид.
Што има илјада години; што трае многу долго. Илјадагодишниот чинар.
илјадакратно | прил.
Што е илјада пати поголемо, посилно или помало, послабо. Сакаше да има стократно, илјадакратно поголема сила за да ја совлада високата планина пред него.
илјадалетен | прид.
Што има илјада години, што трае илјада години. Над селото се простирала голема илјадалетна гора.
илјадалетие | ср.
Временски период од илјада години.