илјадамина | бр.
Група од илјада лица од машки пол или во мешан состав.
илјадапати | прил.
Илјада пати; премногу пати. Ваков живот е полош, илјадапати полош! Илјадапати ти викнав, ама ти не ме слушна.
илјадарка | ж.
Банкнота од илјада парични единици. Да ми ја превртиш сета немаштија, нема да собереш една илјадарка.
илјаден | бр. прид.
Што е по кој знае кој пат, што е во голем број. Виновен ли сум? ‒ за илјаден пат се прашува тој. Напразно тие се вслушуваа во полугласното пеење на некој црквен тропар што отец Симеон го пееше можеби за илјаден пат во својот живот.
илјадит | бр. прид.
илјадници | прил.
Со илјади; во многу голем број. Толку го сакам што постојано го прегрнувам и го бакнувам илјадници пати.
илјаџија | м.
илје | ср.
Измама со инаетење, т. е. непризнавање дека нешто погрешно се сторило, тврдејќи дека така е исправно. Не сакам илје, ми е страв да не ми тргне на лошо работата.
им | зам.
Куса форма за индиректен предмет од личната заменка тие, они. Им реков.
има | несв.
а) Поседува нешто во материјална смисла, е сопственик на нешто. Имаме голема куќа. Тој има многу пари. б) (разг.) Е имашлив, богат. Тој што има не знае што е сиромаштија.