имагинарен | прид.
Што е нереален, замислен, божемен. Водените текови мора да исчезнуваат во некое имагинарно езеро.
имагинативен | прид.
Што се јавува преку имагинација, што се одликува со имагинација.
имагинација | ж.
Способност да се измислува, да се фантазира; фантазија, мечта, моќ за вообразување нешта што не постојат.
имагинира | св. и несв.
Си создава слика, претстава за нешто, замислува, измислува.
имаго | ср.
Слика, лик.
имам | м.
Муслимански свештеник што го предводи групното клањање за време на молитвите во џамиите.
иманентен | прид.
Што се наоѓа секогаш во суштината на некоја појава; внатрешен, вроден.
имател | м.
Лице што поседува нешто. На последните листови имателот на ракописов си водел белешки за своите секојдневни активности.
иматен | прид.
имашен | прид.