империјализам | м.
Стремеж на една држава кон потчинување и освојување на други народи и држави.
империјалист | м.
Приврзаник на империјализмот.
империјалистички | прид.
Што е во духот на империјализмот, што се води од идеите на империјализмот; освојувачки, завојувачки.
имперфект | м.
Минато определено несвршено време; глаголски облик што означува минато засведочено дејство во неговото одвивање.
имперфектен | прид.
Што е несвршен. Имперфектен глагол.
имплементација | ж.
Примена, спроведување договор, план и сл.
имплементира | св. и несв.
Примени, применува, спроведе, спроведува договор, план и сл.
импликација | ж.
Тоа што е неизбежна последица од нешто, што се подразбира и што произлегува од текот на настаните.
имплицира | несв.
Вовлекува, вовлече во нешто; опфаќа, содржи во себе.
имплицитен | прид.
Што е опфатен, содржан во нешто; што се подразбира. Во контакт со непознати или недоволно блиски лица постои имплицитна обврска да се почитуваат одредени ,,пропишани“ норми.