импозантен | прид.
Што импонира, што предизвикува одушевување, што остава силен впечаток; восхитувачки, величествен. Активистите од доброволни прилози подигнаа импозантен културен центар.
импонира | св. и несв.
Направи, прави силен, позитивен впечаток, влее, влева чувство на почит, на восхит. Ми импонираше нивната отвореност.
импорт | м.
Увоз, увозна стока.
импортира | св. и несв.
Увезе, увезува странска стока на домашен пазар, се занимава со увозна трговија.
импотентен | прид.
Што е неспособен, духовно и телесно немоќен.
импотенција | ж.
Духовна и телесна неспособност; немоќ воопшто. Творечка импотенција.
импрегнација | ж.
Импрегнирање.
импрегнира | св. и несв.
Натопи, натопува (ткаенина), намачка, намачкува (дрво и др.) со заштитно средство од влага, вода, киселини итн.
импресарио | ср.
Лице што уредува и организира концерти, претстави и сл.
импресивен | прид.
Што остава и предизвикува силен впечаток; впечатлив. Имаше навистина импресивен настап.