имовит | прид.

имот | м.

Сето тоа што е во сопственост на некого. Голем имот. Имотот го наследија децата. Го продал имотот.

имотен | прид.

Што се однесува на имот. Имотна состојба. Имотен лист.

имотлив | прид.

Што има многу имот.

имотник | м.

Човек што има голем имот; богаташ.

императив | м.

(грам.) Глаголски облик со кој се изразува заповед, забрана, поттик, молба и сл.; заповеден начин.

императивен | прид.

Што е неизбежен, потребен, нешто на што мора да се одговори.

император | м.

Владетел, носител на врховна, воена и цивилна власт на империја. Градот Охрид го добил своето име од византискиот император Јустинијан.

империја | ж.

Назив за голема монархистичка држава на чело со император; царство.