кило- | претс.
Како прв дел од сложенки за образување на мерни единици, означува дека таа единица е илјада пати поголема од онаа означена со вториот дел од сложенката: килограм, киловат, километар и др.
киловат | м.
Мерна единица за електрична сила од 1000 вати.
киловолт | м.
Мерна единица за електричен напон од 1000 волти.
килограм | м.
Мерна единица за тежина од 1000 грама.
километар | м.
Мерна единица за должина од 1000 метри.
километарски | прид.
Што се однесува на километар, изразен во километри.
километража | ж.
Растојание меѓу определени места изразено во километри; број на поминати километри. На таблата е запишана километражата меѓу Скопје и Охрид.
килце | ср.
За овие неколку дена мора да бев клал две-три килца во тежина.
ким | м.
Двогодишно, тревно средоземно растение со бели или розови цветови што расте по ливади, чии плодови се користат како зачин и во медицината; Carum carvi.
кима | несв.
Со движење на главата изразува согласување или незадоволство, загриженост и сл.; поздравува со такво движење на главата. Тој ги одобруваше неговите зборови кимајќи со главата. А господинот при поздрав само учтиво кимаше со главата.