казненик | м.

Тој што издржува некаква казна, обично во затвор, затвореник.

казнено- | претс.

Како прв дел од сложенки означува дека тоа што е означено со вториот дел се однесува на казна, казнување или на кривично право: казненопоправен, казненоправен, казненосудски.

казнет | м.

Тој што го казниле. Казнетиот ученик стоеше посрамен. Казнетиот на магарешка клупа, не се реши ни да мрдне.

казни | св.

Донесе одлука за казна, изрече казна. Виновниците ќе бидат казнети. Сакам да те казнам што лажеш.

казнив | прид.

Што подлежи на казна, што се казнува. Казниво кривично дело.

казнивост | ж.

Подложност, потпаѓање под казна.

казнувач | м.

Тој што казнува, што донесува одлука за казна, што ја извршува казната.

казуистика | ж.

(прав.) Разгледување на одделни примери од правните спорови во согласност со правните норми.

каик | м.

Чамец, чун.