кискарка | ж.

Зимска марама со реси.

кислина | ж.

Мешавина од лук, оцет и масло.

кисловина | ж.

Здив, реа на кисел вкус или мирис. Од лутата храна имаше ждригавица, полна со кисловини. Во темната просторија смрди на кисловина.

кислород | м.

Хемиски елемент, безбоен гас, без вкус и мирис, што се јавува како составен дел од воздухот и учествува во процесот на дишење и горење; симбол O.

кислороден | прид.

Што е сврзан или се однесува на кислород. Кислородни соединенија.

кислоса | св.

Добие кисел вкус (со додавање на киселина, конзервирање и сл.).

кисне 1 | несв.

Станува кисел; преврива, ферментира. Млекото кисне на топло.

кисне 2 | несв.

Натопува нешто во течност подолго време. Ги киснеше крпите во водата и му ги ставаше на челото. Алиштата киснеа во млака вода.

кит 1 | м.

Општ назив за најголемите морски цицачи, со мазна кожа и тело на риба; назив за одделни (обично најголеми) видови од тој род.