клед | м.
Килер, подрум. Го отвора ќепеникот и слегува долу во кледот полн со бочви и качиња.
клекав | прид.
Што е слаб, изнемоштен.
клекне | св.
а) Се спушти на колена, падне на колена. Тој клекна и почна да се моли. б) Го спушти телото виткајќи ги колената без да седне. Почна по тактот на гајдата да прави некакви скокови клекни – стани. в) (прен.) Се потчини, се покори некому. Беше подготвена да клекне пред чуварот и да измоли за неговата чест. Ќе донесам јас овде баталјон, па да клекнете на коленици!
клекум | прил.
Во клекната положба, на колена. Сите играа по клекум.
клекуш | м.
клечо.
клекушка | ж.
Вид машко оро.
клема | ж.
Направа за поврзување на проводници на електрична струја. Клемите на акумулаторот попуштиле.
клен 1 | м.
Вид високо, широколисно дрво од родот јавори; Acer campestre.
клен 2 | м.
(зоол.) Вид речна риба; Squalius cephalus. На оваа река често ловевме мренки и кленови.
кленов | прид.
Што се однесува на клен1. Кленова фиданка.