клоца | ж.
Удар, кошкање со нога. Го кутна на земјата удирајќи го со клоци. Му удри една клоца.
клоца | несв.
За животно – удира со нога, со копито. Овој коњ многу клоца. Маската го клоцаше магарето со задните нозе.
клоцаница | ж.
клоцне | св.
За животно – удри со нога, со копито. Кравата го клоцна котлето и го истури млекото.
клошар | м.
Бездомник, скитник. Под мостот спиеше еден клошар.
клошка | несв.
клошне | св.
клуб | м.
Друштво, организација на луѓе здружени според професијата, политичката определеност, интересот кон некој спорт, видот на забава и сл. Фудбалски клуб. Литературен клуб.
клубе | ср.
клувка | несв.