клука | несв.

Колве. На нивата врапците клукаа зрна. Косовите наесен ги клукаа гроздовите.

клукало | ср.

Алка на порта (за чукање, за тропање).

клукајдрвец | м.

Шумска птица со долг и остар клун; Dendrocopus. Во шумата најдоа отвори што ги прави клукајдрвецот на стеблата од дрвата.

клукне | св.

Чукне, тропне. По полноќ клукна портата.

клум! | изв.

Извик за имитирање на звукот што се слуша при фрлање камен во вода. Го фрли каменот во реката и се чу: клум!

клумка | несв.

Тресе, клати сад исполнет со течност за да се измеша; клацка 2. а). Го клумка шишето со сок и става во чашите.