клумне | св.
Протресе сад исполнет со течност за да се измеша. Шишето треба да се клумне неколкупати за да се раствори шеќерот.
клун | м.
Остар и издолжен рожен дел на устата кај птиците, орган за фаќање храна, за колвање. Орлов клун. Пајките ги пикнаа клуновите во водата.
клунар | м.
(само мн.) Општ назив за цицачи што во телесната градба имаат карактеристики на птици и на влекачи и живеат во географската област на Австралија; Monotremata.
клунест | прид.
Што има форма на птичји клун, што личи на клун. Клунест нос. Клунести кораби.
клунка | ж.
клупа | ж.
Дрвен или метален предмет за седење, за повеќе лица, со или без потпирач. По кејот на реката имаше клупи во сенките на дрвјата. До него на клупата седна еден старец.
клупски | прид.
Што се однесува, што припаѓа на клуб. Клупски простории.
клуска | ж.
Направа за фаќање глувци; склупца.
клуч | м.
Метално орудие за заклучување и отклучување брави. Тој има клуч и никогаш не ѕвони. Таа слезе во дворот со врзоп клучеви. Со малиот клуч ја отвори дрвената кутија.
клучав | прид.
За коњ – што има тесен заден дел од телото. Клучав коњ.