кодира | св. и несв.
Запише, запишува нешто со код; изрази, изразува нешто со код.
кодификационен | прид.
кодификација | ж.
Систематизација на правила, прописи и закони што се однесуваат на определена област од општествениот живот.
кодифицира | св. и несв.
Изврши, извршува кодификација. Тие ги кодифицираа новите закони.
кодош | м.
Клеветник, поткажувач. Кодошите го наклеветиле пред старешината.
кодоши | несв.
Клевети, поткажува. Постојано ги кодошеше кај наставниците.
кое | зам.
коегзистентен | прид.
Што се однесува на коегзистенција; што коегзистира, истовремен.
коегзистенција | ж.
Истовремено, напоредно постоење, заемно поднесување на различни нешта; истовременост. Во делото се гледа коегзистенција на две противречности.
коегзистира | несв.
Истовремено, напоредно постои (за различни нешта, состојби, лица, општествени заедници, општествени системи). Вредностите во творештвото не се негираат меѓу себе, туку – обратно – коегзистираат.