коефициент | м.
(мат.) Постојан множител пред променлива или непозната величина.
кожа | ж.
(само едн.) (анат.) Надворешна обвивка што го покрива телото на човек или на животно. Мазна кожа. Збрчкана кожа. Кожата го покрива и го заштитува животинското тело.
Кожани | ср.
Град во Егејска Македонија, Грција.
кожар | м.
Тој што обработува и изработува предмети од кожа; трговец со предмети од кожа.
кожарница | ж.
Кожарска работилница; фабрика за преработка на кожи.
кожарски | прид.
Што се однесува на кожар или на кожарство. Кожарска работилница. Кожарски изработки. Кожарски занает.
кожарство | ср.
Кожарски занает, кожарско производство.
кожен 1 | прид.
Што е изработен од кожа, што е преслечен со кожа. Кожена торба. Кожено палто. Кожена фотелја. Кожени ракавици.
кожен 2 | прид.
Што се однесува на кожа на телото. Кожно ткиво. Кожни болести.
кожест | прид.
Што е како кожа, што личи на кожа. Листот е дебел и кожест. Кожести лушпи.