кајмаклија | прид.
Што има многу кајмак (обично за кафе).
Кајмакчалан | м.
Планински врв во Македонија.
кајман | м.
Вид крокодил распространет во Средна и Јужна Америка; Caiman crocodilus.
Кајмански Острови | м.
Британски острови во Карипското Море.
кајсија | ж.
Дрво, овошка со жолто-црвен плод и голема семка во средината; Prunus armeniaca.
кајче | ср.
Дем. од каик. Рибарско кајче.
кака | несв.
Во детскиот говор – врши голема нужда.
кака | ж.
Во детскиот говор:
какаду | ср.
Вид папагал со разнобојни пердуви; Cacatua galerita.
какалашка | ж.
Мешунка од мак.