кокорачко | м.

Оџарен човек, човек со ококорени очи.

кокори | несв.

Гледа со широко отворени очи. Во крчмата сите ги кокореа очите кога на две голтки празнеше оканица. Кога ќе се појавеше таа, сите ги кокореа очите.

кокос | м.

(бот.) а) Висока тропска палма, со крупен плод во вид на голем орев со цвста, влакнеста кора, одвнатре со бела и тврда маса, исполнет со белузлава течност. б) Плод на кокосова палма, кокосов орев; Cocos nucifera.

кокосов | прид.

Што се однесува на кокос, што се добива од кокос. Кокосово дрво. Кокосова палма. Кокосови лисја.

кокошаница | ж.

Измет од кокошка.

кокошарник | м.

Просторија, кафез и сл. за чување и одгледување кокошки. Во малиот кокошарник имаше само еден млад петел.

кокошинка | ж.

Многу ситни паразити по телото на домашните птици, кокошкина вошка.

кокошка | ж.

Најраспространета домашна птица што се одгледува заради јајцата и месото; Gallus domesticus. Кокошките дотрчаа до буништето и ги зарија клуновите. Одеше напати и по камарите кај што си несеа кокошките јајца.

кокошкар | м.

Тој што краде кокошки; крадец на ситно.