кокошкин | прид.
Што припаѓа на кокошка, што е од кокошка. Кокошкино месо. Кокошкини јајца.
кокс | м.
Тврдо висококалорично гориво што се добива со сува дестилација на камен јаглен.
коксарница | ж.
Фабрика за кокс.
коктел | м.
Мешан пијалак што се добива со мешање на две или повеќе состојки: алкохолни пијалаци, сок, млеко, јајца, шеќер и мраз.
кол | м.
Дебело право и на едниот крај наострено дрво за забивање во земја. Собирам колје за ограда.
кола 1 | ж.
Дрвено превозно средство на четири тркала, влечено од запрежен добиток. Воловските коли чкрипеа на тесните патишта. Кола со два чифта коњи. Чергарска кола. Запрежна кола.
кола 2 | ср.
Штирак.
кола 3 | ж.
Род од дрвјата кола (cola), по потекло од тропска западна Африка, со плод што содржи кофеин и други состојки.
колабира | св. и несв.
Падне, паѓа во несвест, добие, добива напад на колапс. Од жештините многумина од играчите колабираа.
колаборационист | м.
Соработник со окупаторските сили (во Втората светска војна).