коларски | прид.

Што се однесува на колар, што му припаѓа на колар. Коларски занает. Коларски дуќан.

коларство | ср.

Коларски занает. Денес е тешко да живееш од коларство.

колач 1 | м.

а) Слатко печено тесто, направено од меко брашно со млеко, јајца и масло, обично исполнето со фил. Ги пречека гостите со колач и кафе. За појадок имаше колач со бадеми. б) (обично мн.) Слатки испечени од парчиња од такво тесто. Суви колачи. Колачи со крем. Чоколадни колачи. Коледарски колачи.

колач 2 | м.

Тој што коле добиток или живина за месо.

колај | прид.

Што е лесен, што е без тешкотии. Колај живот. Колај работа.

колајлак | м.

Леснотија;

колба | ж.

Колење – само во изразот: Ни молба ни колба не помогнаа.

колбас | м.

Прехранбен производ приготвен од зачинето мелено или сечкано месо наполнето во животинско црево или друг вид обвивка. Домашни колбаси. Бели колбаси. Пржени колбаси.

колбас(ар)ница | ж.

Просторија во која се прават или се продаваат колбаси. Мирисаат колбасите од колбасарницата на крајот од градот.