колаборација | ж.
Соработка, соработување; заедничка работа.
колаен | прид.
Што е лесен, без тешкотии. Колајна работа.
колаж | м.
Техника во сликарството и фотографирањето што се состои во редење и спојување парчиња од разновиден материјал.
колак | м.
Колач, погача (обично со неа се кани на свадба). Дојде попот да го сече колакот на славата.
колакли(ја) | прид.
Вид крива сабја. Сабја колакли(ја).
колан | м.
Цврста лента, кожена, платнена или од друг материјал, што служи за стегнување на облеката преку половината; ремен, појас. Го истргна коланот од панталоните. На нивните колани висеа фишеци и бомби. Носи срмен колан.
колапс | м.
Нагло губење свест, премаленост поради здравствени проблеми. Од брзо прегревање на телото доаѓа до колапс.
колар | м.
Занаетчија што прави и што поправа запрежни коли, кочии. Коларот ми ја поправи чезата.
коларина | ж.
Тоа што го плаќа секоја кола за минување по патот; патарина.
коларница | ж.
Работилница во којашто се прават и се поправаат коли. Можеш ли да го стегнеш тркалово во твојата коларница?