колбаса | ж.
колбасар | м.
Тој што прави или што продава колбаси. Кај колбасарот висеа шунки и свински колбаси.
колбасарски | прид.
Што се однесува, што му припаѓа на колбасар. Колбасарски занает.
колбурек | м.
Вид пита со кори и праз, зелка или спанаќ завиткано во облик на круг. Јадеа малку од мазникот, комадот и од колбурекот.
колва | несв.
колве | несв.
За птица. а) Зема, откинува со клунот. Гладните чавки колвеа по некое зрнце или трошка. Кокошките почнаа лакомо да колват жито. б) Удара, чука со клунот. Гавраните му ја колват главата.
колвка | несв.
Колве по малку, колве повремено. Кокошките си колвкаа во дворот.
колвне | св.
Од колве 2. (прен.) Касне малку, поткасне. Се напи вино и колвна малку од мазникот. Дечиња, колвнете од црешите.
коле | несв.
Сече грклан, глава на човек или на животно. Во недела ќе колеме прасе.
колеба | несв.
За дете – лула, ниша.