колеблив | прид.

Што често се колеба, што е несигурен. Колеблив човек. Тој е колеблив и плашлив.

колебливец | м.

Тој што се колеба. Сите колебливци го напуштија.

колебливост | ж.

Особина на тој што се колеба и својство на тоа што се колеба. Не успеа да се ослободи од својата колебливост. Колебливост на цените.

колега | м.

Лице еднакво со друго лице во однос на професијата, службата, работата, школувањето. Им се обраќам на колегите правници. Тие се колеги од студии.

колегиум | м.

Група стручни луѓе што образуваат некаков административен, советодавен или извршен орган за заедничка работа. Стручен колегиум. Наставнички колегиум. Редакциски колегиум.

колегијален | прид.

Што е добар колега, што се однесува другарски, солидарно спрема колегите. Колегијални односи. Колегијална почит. Колегијална атмосфера.

коледа | несв.

коледар | м.

Лице (обично дете или момче) што ги посетува куќите на Коледе и пее песни за богат род, долг живот и здравје, за што добива дарови од домаќините. За неколку дни ќе излезат коледарите со шарени торби по куќите.