коледарски | прид.
Што се однесува на Коледе. Коледарски песни. Коледарски оган. Коледарски колачи.
коледачка | ж.
Палка со којашто коледарот чука на порта кога пее коледарски песни. Коледарчињата силно чукаат со коледачките.
коледашка | ж.
а) Лепче што го меси домаќинката за децата (за секого по едно) пред Божиќ и Велигден. Мајката им подели на ќерките по една коледашка. б) Даровите со кои домаќинката ги дарува коледарите: ореви, костени, крушки, пари и сл.
коледе | ср.
Денот пред Рождество Христово, поврзан со традиционални обичаи. На коледе луѓето треба да се дома. Собираат дрва за коледе.
коледен | прид.
Што се однесува на коледе; Коледни празници. Коледни обреди.
коледица | ж.
коледува | несв.
Посетува домови на коледе, пее коледарски песни и исполнува коледарски обичаи. Мажите одат по куќите да коледуваат. Децата цел ден коледуваа.
колеж | м.
Колење; коле.
колектив | м.
а) Заедница воопшто. Народна заедница. Етничка заедница. б) Група луѓе здружени со заедничка работа, заеднички интерес или со заедничка цел. Училиштен колектив. Фабрички колектив. Работен колектив. Авторски колектив.
колективен | прид.
Што се однесува на колектив, што е својствен на колектив, што му служи на колектив; заеднички, општ. Колективна одговорност. Колективна свест. Колективен труд.