колективизам | м.

Принцип на заемна помош и соработка на луѓето од еден колектив, преданост кон општите интереси. Во групата владееше дух на колективизам.

колективизација | ж.

Во некои поранешни социјалистички земји – насилно обединување на индивидуалните земјоделци во кооперативни стопанства, со подржавување на нивната земја и на средствата за производство. Колективизацијата наиде на огромни отпори.

колективизира | св. и несв.

Изврши, врши колективизација.

колектор | м.

Главна, собирна канализациска цевка во населено место.

колекционер | м.

Тој што собира реткости, уметнички предмети и др. за колекција. Соседот беше страстен колекционер на старини.

колекционерски | прид.

Што се однесува на колекционер и на колекционерство.

колекционерство | ср.

Дејност на колекционер; страст за собирање на некој вид предмети.

колекција | ж.

Збирка од собрани и подредени предмети, обично вредни, необични или ретки. Винска колекција. Ренесансна колекција слики. Нумизматичка колекција.

коленест | прид.

Што има свиткани, прекршени зглобови, споеви во вид на колена. Коленеста цевка.

коленик | м.

Полско тревно растение со непријатна миризба; Bifora radians.