комбинезон | м.
Работна облека во едно парче. Трактористот беше во син комбинезон и сина работничка капа.
комбинира | св. и несв.
Прави, направи, најде, наоѓа комбинации. Тој се замисли, нешто комбинира.
комбост | м.
Јадење од расол.
комедиограф | м.
Тој што пишува комедии, драматург на комедии. Тој е типичен комедиограф, хуморист по вокација.
комедија | ж.
Вид драма со смешна, весела содржина. Најпаметното лице во комедијата е глупакот.
комедијант | м.
Актер што игра комични ролји. Патувачки комедијанти.
комеморативен | прид.
Што се свикува за сеќавање, за спомен на видна личност; Комеморативна седница.
комеморација | ж.
Собир во спомен на некој покојник.
комендија | ж.
Смешна случка, шега; Комендијата се сврши.
коментар | м.
Објаснување, толкување на некаков текст. Коментар на закон. Коментар на Библијата.