компанија | ж.

Големо друштво на сродни услужни, трговски или индустриски фирми за заедничка дејност. Воздухопловна компанија.

компаратив | м.

Степен во споредувањето на придавките за означување особина или својство изразени во поголема мера во однос на тоа со кое се споредува.

компаративен | прид.

Што се засновува врз компарирање; споредбен. Компаративна граматика. Компаративно проучување.

компарација | ж.

Споредба, споредување.

компарира | св. и несв.

Спореди, споредува.

компас | м.

Направа со магнетна игла што секогаш покажува север и служи за ориентација во просторот. Компасот ни го покажа патот до градот.

компатибилен | прид.

Што може да се спои, да се сложи, да се усогласи со нешто.

компањон | м.

Деловен партнер; ортак. Тие се компањони во работата.

компензаторен | прид.

Компензаторен механи Компензациони мерки.

компензација | ж.

Замена на нешто (дадено, одземено, оштетено и сл.) со соодветна вредност; надоместок; отштета. Од судот доби компензација за претрпената болка.