конструкција | ж.
Меѓусебен распоред на деловите и елементите на некоја целина, состав при градење; изградена целина, строеж. Дрвена конструкција на мост.
консултант | м.
Специјалист во некоја област од кого се бараат совети, мислења. Консултант по економски прашања. Правен консултант.
консултативен | прид.
Што служи за консултации, договорен; советодавен. Консултативен состанок. Консултативен орган.
консултација | ж.
Разговор, советување, формирање став на специјалисти по дадено прашање. Извршени се лекарски консултации.
консултира | св. и несв.
Изврши, врши консултација.
консумативен | прид.
Што се однесува на консумација, готов за консумација. Плодовите се берат во консумативна зрелост.
консуматор | м.
Потрошувач, купувач на стока; Консуматори на вино.
консумација | ж.
Земање како храна, потрошувачка во исхраната; консумирање. Консумација на свежо овошје.
консумен | прид.
Што се однесува, што служи за консумација. Консумен центар.
консумент | м.
Потрошувач, купец на некоја стока; Главниот град е најголем консумент на минерална вода.