Кораб | м.

Планина во Македонија.

корабен | прид.

Што се однесува на кораб.

корав | прид.

Што е или што станал тврд, многу сув. Корави раце. Корава уста.

коравица | ж.

Вид диња со дебела кора. Баба ми садеше најслатки коравици. На пазарот продаваше лубеници и коравки

корал 1 | м.

Вид црковна хорска песна што се пее едногласно. Коралите што ги собрал папата биле народни песни своевремено.

корал 2 | м.

Морско неподвижно животно од родот на полипите што живее прикачено на карпи во големи групи; Anthozoa.

корален | прид.

Што се однесува на корал2, што е од корал. Корална гривна.