коцел | м.

Плетенка, прцел. Момите на вода ќе одат со коцли искривени.

коцка | ж.

(мат.) Правилно геометриско тело со шест еднакви квадратни површини.

коцка се | несв.

Игра за пари. Тој умираше да се коцка.

коцкар | м.

Тој што се коцка, што е обземен со страст за коцкање; хазардер. Коцкарите ги оставија картите. Коцкарот многу губи, но и многу добива.

коцкарница | ж.

Просторија за играње хазардни игри. Во коцкарницата ги менува жетоните.

коцкарски | прид.

Што се однесува на коцка, што му припаѓа на коцкар. Коцкарски реквизити. Коцкарско гнездо. Коцкарски долг.

коцкест | прид.

Што има облик на коцка. Коцкесто тело.

коцле | ср.

коцори се | несв.

Се перчи, се прави важен..