коцорлив | прид.

Што е горделив, што се прави важен.

коч | м.

Нескопен овен. Рогови од кочови.

кочан 1 | м.

Плод од пченка сосе зрната или без нив. Оронет кочан од пченка. Селаните варат кочани во полето.

кочан 2 | м.

Определен број билети, фактури, формулари и сл. што се врзани на едниот крај. Го опна кочанот на колената и запиша. Ги кине дозволите од кочанот.

Кочани | ср.

Град во Македонија.

кочанка | ж.

Кочан од пченка без зрната, остаток од изронет плод од пченка.

кочи | несв.

Забавува, подзапира, сопира движење на нешто со кочница. Кочи со тракторот по долницата.

кочи се | несв.

Се гали, се умилкува. Детето се кочи со баба си.

кочина | ж.

Ограден простор за чување свињи; свињарник. Во кочината чуваа пет свињи.

кочија | ж.

Вид патничка кола со подвижен покрив; пајтон, фијакер. Се вози со кочија.