коштрав | прид.

Што е накострешен, наежен. Коштрави веѓи.

коштрава | ж.

Трева што расте како плевел со груби листови; Setaria verticillata.

коштрави се | несв.

Се ежи, се костреши. Детето се коштравеше на ветрот.

кошула | ж.

Машка облека со ракави за горниот дел од телото што се носи под палто, пуловер и сл. Кошула со куси ракави. Го дарува свекорот со кошула.

кошулица | ж.

Горен дел од бетонска плоча кој се прави да се израмни плочата, во кој се става материјал за изолација, а над кој се става подот.

кошулка | ж.

Дем и хип.

кошута | ж.

Женката на еленот; Cerva. Го погледнаа плашливите очи на кошутата.

кошутин | прид.

Што ѝ припаѓа на кошута, што е од кошута. Кошутино млеко.

кој | зам.

Именска заменка за лице

којнак | м.

Во игра – орев со кој се фрла во куп од ореви. Го крева „којнакот" од линијата, на која уште при првото фрлање е најблиску.