којшто | сврз.

Во зависносложени односни (релативни) реченици, во составот на зависната дел-реченица во функција на сврзувачки збор за односно (релативно) надоврзување, однесувајќи се на целата главна реченица или на дел од неа.

коњ | м.

(зоол.) Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт; Equus caballus. Товарен коњ. Чистокрвен коњ. Верен коњ. Го јавна коњот.

коњак | м.

Заштитено име на француски жесток пијалак.

коњаник | м.

Тој што јава на коњ. Дотрча брз коњаник на црн расен коњ. Коњаникот бодина кон целта.

коњар(ин) | м.

Тој што чува коњи и се грижи за нив; коњушар. Коњарите внимаваа да не ги претоварат коњите.

коњарка | ж.

Жена што чува коњи и се грижи за нив. Коњарката им донесе вода на коњите.

коњарство | ср.

Одгледување коњи како сточарска гранка. Побогатите се занимаваа со коњарство.