красатка | прид.
Малку кисело, што накиселува.
красен | прид.
Прекрасен, многу убав, сјаен. Красна жена. Красно место.
краси | несв.
Прави да изгледа убаво; дава убав изглед. Секогаш ја краси шапка на главата.
краснопис | м.
Вештина на убаво пишување.
краснописец | м.
Лице што убаво пишува, што го владее краснописот.
красноречив | прид.
Што лесно и вешто ги искажува своите мисли; што е надарен со красноречивост. Красноречива учителка.
красноречивост | ж.
Особина на тој што е красноречив; говорничка дарба. Свештеничка красноречивост.
красноречие | ср.
Црковно красноречие.
красота | ж.
Убавина. Небеска красота.
краста 1 | ж.
(мед.) Кожна заразна болест проследена со силен јадеж. Од крастата му паѓаа парчиња коса. Ги премачкува крастите со зајачка лој.