краток | прид.

Мал по должина; кус; долг. Кратка нога. Кратка коса.

кратошија | ж.

Сорта црно винско грозје. Ја ископачија кратошијата од лозјето.

крах | м.

Пропаст, катастрофа, целосен неуспех. Морален крах. Банкарски крах. Крах на стопанството.

крахира | св. и несв.

Претрпи, претрпува, доживее, доживува крах. Банката крахира.

крачест | прид.

Што има долги краци.

крбла | ж.

Дрвен сад со чеп, потесен од каца, што обично служи за гмечење грозје. Ги затегнуваше обрачите на крблите.

крбло | ср.

крв | ж.

Црвена течност што тече низ крвните садови на човекот и животните и ги обезбедува хранењето и размената на материите во клетките. Артериска крв. Крв од вена. Му тече крв од носот.

крвав | прид.

Што е од крв, во што има крв, што е со крв, што крвави. Крвава флека. Крвава вода. Крвави раце. Крвава рана. Крвав завој.

крвави | несв.

Губи крв од себе со истекување. Му крвават непцата. Жената многу крвавела.