кретон | м.
Вид цврста ткаенина за завеси и покривки. Го прекри мебелот со кретон.
креч | м.
грч_2. (дијал.) вар.
кречетало | ср.
Штичка што се удира во воденичкиот камен и лесно го ниша кошот на него, при што паѓаат зрната меѓу камењата и се мелат.
крешчендо | ср.
Постепено засилување на гласот. Патетично крешчендо. Моќно крешчендо.
крже | ср.
Дете што уште не е крстено.
крз | предл.
Низ. Кинисал крз поле широко.
крзнар | м.
Лице што се занимава со обработка и продажба на крзно и на предмети од крзно; мајстор за крзно. Носеше наметка сошиена од добар крзнар.
крзнарство | ср.
Стопанска дејност што се занимава со обработка и трговија со крзна.
крзнен | прид.
Што се однесува на крзно. Крзнени производи.
крзно | ср.
Кожа на некои животни покриена, обрастена со влакна. Тие се крадци на скапоцени крзна.