криминалистички | прид.

Што припаѓа, се однесува на криминалистика. Така заврши неговата криминалистичка кариера. Криминалистичка полиција.

криминалитет | м.

Вид и опсег на злосторничката дејност; збир на сторени кривични дела. Криминалитетот во стопанството е во пораст. Криминалитетот опаѓа.

криминолог | м.

Тој што се занимава со криминологија.

криминологија | ж.

Наука што го изучува криминалот како општествена и индивидуална појава, што ги истражува социјалните причини за неговото настанување и ги утврдува законитостите на неговото движење.

криминолошки | прид.

Што се однесува на криминолог и на криминологија.

крин | м.

Декоративно растение со многу мирисливи бели цветови; Lilium candidium; познати се и други видови со цветови во други бои. Градината беше преполна со кринови. Кринот занесно мирисаше.

кринов | прид.

Што му припаѓа на крин. Кринов цвет.

кринолин | ж.

Широко женско здолниште.

крипта | ж.

(истор.) Подземен ходник и ќелии во кои древните христијани се собирале на богослужба.