кртешница | ж.
кртечина.
крти | несв.
Крши, рони. Ти, како и другите, ќе кртиш стени за да доведеме вода во селото.
кртило | ср.
Котило на кртица.
кртица | ж.
Женка на крт.
кртичав | прид.
Што се однесува на крт.
кртичник | м.
кртола | ж.
Задебелен корен во кој се складираат хранливи материи.
кртул | м.
Планинска трева; Narduus stricta.
крувче | ср.
круг | м.
(мат.) Дел од рамнина ограничен со кружница.