крши | несв.

Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови. Тој крши ореви. Детето ги кршеше гранките од дрвото.

кршигора | м.

(нар. поез.) Епитет за брз, силен коњ.

кршинога | м.

Тој што се сопиња на прав пат, несмасен човек.

кршка | несв.

а) Не оди право, го менува правецот при движењето, не е прав (за пат, река и сл.); скршне (скршнува). Зајакот кршка. Патот кршка.

кршкав | прид.

Што не е прав; кривулест. Тесни и кршкави улици.

кршкало | ср.

Тој што измрдува, што не се држи до договореното.

кршканица | ж.

Скршнување, отстапување од патот.

кршла | ж.

мандра.

кршлив | прид.

Што се крши лесно. Стаклото е кршливо. Кршлив материјал.

кршне 1 | св.

Крши малку. Тој кршна од лебот.